Членки на НАИТМ учествуваа на New Deal Europe

Вчера се одржа онлајн издание на
- првиот саем за туризам специјализиран за патувања на земјите од Балканот. Учествуваа над 120 туроператори од 22 земји низ светот кои имаа можност да се запознаат со понудата од туроператори од 11 земји од Балканот.
Понудата од Македонија 8 туроператори, членки на НАИТМ чие учество беше овозможено со поддршка на Програмата И.М.Е.
Според учесниците, ова пред сè е одлична можност за промоција на Македонија како туристичка дестинација. „На главниот банер на онлајн настанот беше прикажана фотографија од Канео, Охрид. Многу од потенцијалните купувачи, туроператори од цел свет, кои никогаш не биле во наша земја, сега дознаа повеќе најпрво за дестинацијата, а потоа и поконкретно за нашите понуди како туроператори.“ сподели Александар Кузмановски од Симониум Травел.
Во текот на еднодневниот онлајн настан беа организирани B2B средби преку специјален софтвер за нетворкинг, како и форум сесии за презентација и дискусија на најновите трендови и текови во туризмот.
„Настанот беше одлично организиран. Нашата агенција Енџој Балканс реализираше 27 состаноци со туроператори од Англија, Америка и Франција. Сите изразија голем интерес за Балканот како нова, неоткриена дестинација за нивните клиенти. Голем дел од операторите бараат уникатно искуство, автентично доживување за кои имаме спремно интересни понуди кои ги заинтригираа. Од овие состаноци очекуваме резултати и странски туристи во 2022 и 2023 година“ - сподели Гоце Робев
„Вчера беше одличен и многу продуктивен ден за нас. Остваривме дури 22 B2B состаноци со врвни светски туроператори од рангот на Tui, Nordic и Jet2Holidays. Од инфо сесиите каде беа претставени истражувања за перцепции на посетителите на Балканот, дознавме дека Македонија одлично котира, така што ваква меѓународна промоција мора да продолжи за да имаме што подобри резултати и повеќе странски туристи.“ – додаде Александар од Симониум Травел.
Во време кога сите светски саеми и големи настани за туризмот се откажани, учеството на New Deal Europe за македонските туроператори беше одлична можност да ја обноват својата понуда и да ја презентираат пред потенцијални партнери од цел свет. Како резултат на настанот остварени се голем број контакти и се разговара за склучување нови договори и странски туристи во наредните неколку години.