Други новости
Јавен повик: Обука за туристички водич
Среда, 29 Јануари, 2025
Националната Асоцијација за Дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ) како учесник во проектот Green Spirit Prespa во соработка со Go Green, Spirit of Prespa и Рурални жени од Преспа, нуди уникатна можност за тројца учесници се стекнат со сертифицирана обука за туристички водичи!
Што добивате?
- Професионална обука за лиценциран туристички водич
- Специјализација во една од следните области:
2 позиции за водичи за набљудување на птици
1 позиција за водич за астрономија
- Сетификација по завршување на обуката
Кој може да учествува?
- Лица кои живеат во регионот на Преспа
- Лица кои се подготвени за учење и учество во унапредување на локалниот еко туризам
Како да аплицирате?
- За повеќе информации и апликација, контактирајте не на info@naitm.org.mk најдоцна до 05.02.2024
Придружете ни се во промоцијата на еко-туризмот и одржливоста, додека стекнувате вредни вештини!
Други новости